Еден од најдобрите македонски фудбалери на денешницата Елиф Елмас и неговиот Наполи обезбедија пласман во Лигата на шампионите следната сезона откако денеска славеа на гостувањето кај Пиза со 0-3 во натпревар од 37. коло од Серија А.
Водство за гостите од 0-1 донесе Скот Мектоминај во 21. минута. Само шест минути подоцна истиот фудбалер зголеми на 0-2 по феноменалната асистенција на нашиот Елиф Елмас. Во вториот дeл поради конфликт со противник Елмас доби жолт картон, па веднаш беше заменет од Антонио Конте, а на негово место влезе Кевин де Брујне. Конечните 0-3 ги постави Хојлунд во 92. минута.
Pisa 0 – [2] Napoli – Scott McTominay 27'
byu/eliseihado insoccer
Во борбата за ЛШ најдобро помина Милан кој славеше на гостувањето кај Џенова со 1-2, па сега е во пол-позиција за пласман во елитата следната сезона. Рома исто така стигна до голема победа откако во големото дерби на Рим со 2-0 славеше над Лацио. Најлошо помина Јувентус кој загуби дома од Фиорентина 0-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
