Елмас и Наполи триумфираа на тестот со Кристал Палас

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше стартер за Наполи на пријателскиот натпревар против Кристал Палас на кој италијанскиот тим славеше со 1-3.

Елмас беше стартер на дуелот настапувајќи до 73. минута од средбата кога беше заменет со Маркисано.

Стрелци на головите за Наполи беа Осимхен во првото полувреме, и Распадори кој двапати стрелаше во второто полувреме.

Се вчитува...