Елмас изнуди црвен картон, но Наполи не го победи Милан

Наполи не успеа да забележи уште една дерби-победа на домашен терен откако тимот на нашиот Елиф Елмас вечерва ремизираше 2-2 против Милан. Македонскиот репрезентативец влезе во игра на средина од второто полувреме, во 87. минута изнуди црвен картон од Селемакерс, но „наполитанците“ сепак не успеаја да стигнат до цел плен на овој дерби-дуел.

Милан подобро го почна мечот и поведе со прекрасниот погодок на Тео Хернандез, но „наполитанците“ експресно возвратија и израмнија преку Ди Лоренцо. Пресвртот беше комплетиран во 60. минута, кога по ударот на Мертенс и слабата интервенција на Донарума тимот на Наполи дојде во водство. Се чинеше дека домаќините имаат контрола над мечот, но еден непотребен прекршок врз Бонавентура на 15 метри од голот на Оспина значеше и оправдано досуден пенал што Кесие го претвори во гол за израмнување.

Гатузо реши да ја освежи навалната линија, влегоа Лозано, Политано и Милик, но домаќините не успеаја посериозно да го загрозат голот на Донарума во финишот.

По ова реми, Наполи останува шестопласиран со 52 бода, два повеќе од Милан на седмата позиција.

 

Се вчитува...