Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со настапот против Сасуоло напредуваше на табелата на играчи со најмногу настапи во дресот на Наполи. Сега Елмас се најде во топ 90 фудбалери, престигнувајќи го легендарниот Отавио Бјанки.
Македонецот со настапот против Сасуоло (влезе во вториот дел) го запиша својот 142 настап за „небесносините“ од Неапол.
Елмас играше во првите 11 против Глазгов Ренџерс во Лигата на шампионите, а против Сасуоло влезе во 56. минута наместо Зиелински.
Бјанки е легендарен фудбалер на Наполи, а потоа како тренер ја предводеше екипата до првата шампионска титула во историјата во 1986 година, а го освои и Купот на УЕФА во 1989 година со истиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА