Елмас ќе добие нов тренер, Наполи го отпушти Анчелоти

Италијанскиот калчолигаш Наполи го отпушти досегашниот тренер Карло Анчелоти. Одлуката доаѓа по убедливиот триумф (4-0) на „наполитанците“ против Генк и пласманот во нокаут фазата од Лигата на шампионите. Според најавите од Италија, многу брзо може да се очекува македонскиот интернационалец Елиф Елмас и останатите фудбалери на Наполи да добијат нов тренер, претпоставките се дека тоа ќе биде Џенаро Гатузо, екс тренерот на Милан.

Наполи игра многу полошо од очекувањата во Серија А оваа сезона и се наоѓа на седмата позиција со 21 бод, дури 17 помалку од лидерот Интер. Атмосферата во клубот подолг период не беше на највисоко ниво, а Анчелоти застана зад фудбалерите кои одбија да заминат директно во базата по еден натпревар од италијанскиот шампионат.

Се вчитува...