Елмас на тренинг: Повторно прегрнати со Гатузо… (ФОТО)

Надминати се „проблемите“, доколку истите и воопшто постоеја, меѓу македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, за кои во понеделникот пренесоа италијанските медиуми.

Како што пренесоа Италијанците, поради недоволно залагање на тренингот, Гатузо го отстранил Елмас од истиот. Но, се беше очигледно комплетно надминато вчера кога Елмас повторно се врати на тренинзите на тимот во очекување на дуелот со Лацио.

А, дека се е во најдобар ред меѓу Гатузо и Елмас потврда е и објавата на македонскиот репрезентативци на својот Инстаграм профил. Преку заедничка фотографија со Гатузо, Елмас испрати порака колкава е взаемната почит меѓу двајцата, без разлика на секогаш вообичаените работни ‘надразливости’ кои се познати во фудбалот, и спортот воопшто.

Се вчитува...