Елмас не доби шанса, Наполи нема да игра ЛШ (ВИДЕО)

Елиф Елмас и Наполи нема да бидат дел од Лигата на шампионите следната сезона откако во последното коло потклекнаа и одиграа само 1-1 против Верона. Повторно само Џенаро Гатузо знае зошто Елмас не доби шанса барем во второто полувреме и остана на клупата за резерви на целиот меч. Овој кикс на Наполи го искористија Милан и Јувентус кои со победи се чекираа во елитното натпреварување следната сезона.

Јувентус без Кристијано Роналдо очигледно игра подобро и славеше над Болоња со убедливи 1-4, додека Милан со два гола од пенал на Кеси славеше над Аталанта со 0-2.

РЕЗУЛТАТИ СЕРИЈА А (38. КОЛО) 

Аталанта – Милан                       0-2

Болоња – Јувентус                       1-4

Наполи – Верона                          1-1

Сасуоло – Лацио                           2-0

Специја – Рома                              2-2

Торино – Беневенто                     1-1

Се вчитува...