„Елмас не е на продажба, го бараа и Лидс и Борусија…“

Елиф Елмас е играч околу кого ќе се врти играта на Наполи во иднина, така што нема шанса тој да си замине од клубот. Ова е ставот на „наполитанците“ откако денеска беше објавено дека Бенфика подготвува понуда за да го доведе македонскиот „дијамант“

Директорот Кристијано Џунтоли не само што испрати јасна порака до португалскиот гигант, туку и обелодени дека интерес за Елмас во последно време искажал и Лидс на Џани Алиоски, како и Борусија Дортмунд.

„Не преговараме за Елмас, немаме намера да седнеме на маса и да разговараме за заминување на овој фудбалер. Инвестиравме 16 милиони евра во него, две години подоцна ни се нудеа десетина милиони евра повеќе. Не е само Бенфика, тука беа и Лидс, Борусија Дортмунд и Борусија Менхенгладбах… Нашиот одговор беше јасен – Елмас не е за продажба“, порача Џунтоли.

Се вчитува...