Елмас: Очекувам народот македонски во голем број да не испрати на ЕВРО 2020

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе го пречека Казахстан во последната подготовка пред Европското првенство. Елиф Елмас ја повикува јавноста во што е можно поголем број да им даде поддршка и да ги испрати него и соиграчите на Европското првенство.

„И благодарама на публиката и поддршката која ни ја даде се надевам дека ќе биде исто и со Казахстан за да не испратат на најубав можен начин на Европското првенство. Очекувам добар меч против квалитетна репрезентација која како што кажа и селекторот успеа да и земе бодови на Украина во квалификациите за Светско. Ние како и на секој меч одиме на победа. Се надевам дека ќе дојдеме до триумфот и ќе ги израдуваме нашите навивачи. Свесни сме за тежината на натпреварите кои не чекаат на Европско. Досега завршиме добра работа и знаеме со какви противници играме. Поголемиот дел од репрезентацијата играме во силни лиги и навикнати сме на тешки натпревари“, изјави Елмас.

Мечот на арената „Тодор Проески“ е закажан за утре со почеток во 18 часот.

Се вчитува...