Елмас одби богатство од Бешикташ, нова понуда од Англија

Елиф Елмас на помалку од 20 дена пред крајот на преодниот рок се уште тактизира во преговорите каде ќе ја продолжи кариерата, откако стана јасно дека Лајциг повторно не смета на услугите на македонскиот „дијамант“ кој во меѓувреме доби неколку интересни понуди.

Финансиски најдобра беше понудата од Бешикташ, турскиот гигант имаше подготвено плата од пет милиони евра за една сезона за нашиот репрезентативец. Сепак, италијанските медиуми тврдат дека Елмас ја одбил оваа понуда, приоритет давајќи на клубовите од Топ 5 лигите кои покажаа интерес за неговите услуги.

Елмас во моментов делува најблиску до камбек во Италија, Наполи не го откупи договорот со Лајпциг, но „сино-беллите“ испратија понуда за нова позајмица на „дијамантот“. Јувентус исто така е заинтересиран за позајмица на Елиф, а во трката од пред неколку дена се вклучи и Фиорентина, клуб во кој македонскиот репрезентативец би требало да добие најголема минутажа.

Интересно, Вест хем е последниот клуб што покажува интерес да го доведе Елмас во своите редови. „Чеканите“ испаднаа од Премиер-лигата, продадоа неколку првотимци, но не ја кријат амбицијата експресно да се вратат во англиската фудбалска елита. Затоа и подготвуваат понуда за едногодишна позајмица на Елмас, но останува да се види дали овој тим ќе успее да го убеди Елмас да заигра во Чемпионшип-дивизијата во ситуација кога на маса има понуда од италијански гиганти како Јуве и Наполи.

Се вчитува...