Аталанта стигна до голема победа на домашен терен против Болоња од 1-0, на огромна радост извојувана со гол буквално во последните секунди од мечот во Бергамо.
Елиф Елмас повторно беше на клупата, но македонскиот „дијамант“ влезе во 56. минута и одигра 35 минути од ово натпревар, на кој се чинеше дека ќе заврши без победник се до 95. минута.
А тогаш, српскиот интернационалец Самарџиќ упати удар од над дваесетина метри, топката го изненади голманот и со помош на дирекот влезе во неговата мрежа, за огромна радост на Елмас и соиграчите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
