Елмас: Ова ќе го паметам вечно…јас асистирам, а Пандев дава гол!

ЕКИПА во Хаифа, Израел

Владимир Булатовиќ

Тој е новиот македонски фудбалски бисер. Можеби и најголемиот досега. Се уште нема ниту 18 години, а веќе е во Фенербахче. И игра фантастично, за сите селекции за кои добива повик. Ангеловски му даде доверба и меѓу сениорите, а тој возвраќа со одлични потези. Вечерва беше асистент за голот на Горан Пандев.

„Пресреќен сум со победата, ова е голем мотив за мене за понатаму. Асистирав на Пандев, тоа ќе ми остане секогаш во спомен, но верувам дека сега во иднина ќе следат нашите успеси! Нема да застанеме тука, затоа што Македонија има квалитет за многу повеќе“, изјави Елиф Елмас.

Се вчитува...