Елмас: Подготвен сум да играм, се чувствувам одлично, сакам да му помогнам на тимот

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас се појави на официјалната прес-конференција на Наполи пред утрешниот натпревар од 3. коло во Лигата на Европа против Ријека.

„Наполитанците“ гостуваат на Ријека во Хрватска, а Елмас очекува по подолг период, поради паузата предизвикана од коронавирусот, повторно да биде стартер.

„Поминав десет дена во изолација поради Ковид-19. Ми беше неопходно извесен период да се опоравам, но сега се чувствувам одлично. Подготвен сум да играм, сакам да ги покажам сите мои квалитети. Со сето срце сакам да му помогнам на тимот на секој можен начин, во зависност секако како ќе одлучи тренерот“ – истакна Елмас во Ријека, притоа дополнувајќи:

„Се слушнав со моите соиграчи од репрезентацијата кои настапуваат за Ријека. Верувам дека ќе бидам поуспешен од нив утре“.

Натпреварот меѓу Ријека и Наполи од Лигата на Европа утре се игра со почеток од 18:55 часот.

Се вчитува...