Елмас повторно во фокусот…Манчестер сити, Борусија Дортмунд, ПСВ, Феенорд…во ред за мегаталентот

Фудбалскиот талент на Елиф Елмас ја тресе фудбалска Европа. И покрај неговиот трансфер во Фенербахче, големите европски клубови не се откажуваат од намерата да го имаат во своит редови.

Медиумите на Островот информираат дека Пеп Гвардиола сака ова лето да го доведе Манчестер сити и за тоа е подготвен да плати огромни пари. Елмас е на списокот на посакувани засилувања на Гвардиола заедно со Иско Аларкон од Реал Мадрид, и Бразилецот Фред од Шахтјор Доњецк.

Германскиот бундеслигаш Борусија Дортмунд исто така е во сериозна трка за негов ангажман, како и холандските клубови ПСВ Ајндховен и Феенорд.

Елмас во последните неколку меча не доби шанса за настап во сениорскиот тим на Фенербахче, па оттаму и најавите дека би можел да си замине од турскиот гигант веќе ова лето. Големите европски клубови притискаат…

Се вчитува...