Елмас против Адеми во ЛЕ, Ристовски на мегдан со Арсенал, а Николов со Челси

Македонските репрезентативци Елиф Елмас и Аријан Адеми ќе се сретнат еден против друг во Лига на Европа откако Фенербахче и Динамо Загреб беа извлечени во групата Д од второто по ранг европско натпреварување. За Адеми сериозен интерес покажува Лион, но доколку капитенот на Динамо реши да остане во Загреб, тој ќе има можност за две средби против својот репрезентативен колега од тимот на Фенербахче. Покрај овие две екипи дел од групата Д се уште и белгиски Андерлехт, како и словачкиот првак Спартак Трнава.

Стефан Ристовски со Спортинг Лисабон ќе му се спротивстави на Арсенал, кој е главен фаворит за освојување на првото место во групата Е. Покрај „топчиите“, португалскиот гигант го очекуваат и пресметки со Карабах и со Ворскла.

Тежок предизвик го очекува Бобан Николов со унгарскиот првак МОЛ Види, кој од четвриот шешир беше извлечен во групата Л заедно со Челси, ПАОК и Бате Борисов.

Двајцата македонски фудбалери Иван Тричковски и Даниел Мојсов со АЕК Ларнака се сместени во групата А, заедно со екипите на Лудогорец, Баер Леверкузен и Цирих.

 

Се вчитува...