Елмас се скарал со Гатузо, но не бил избркан од тренингот?!

Елиф Елмас не бил избркан од вчерашниот тренинг на Наполи како што тврдеа неколку италијански медиуми. Ова го обелодени новинарот на „Радио Гол“, Валтер де Маџо, во разговор за „Радио Кис Кис Наполи“, медиум кој важи за еден од најупатените за случувањата во овој италијански прволигаш.

Де Маџо потврди дека за време на тренингот дошло до конфликт меѓу тренерот Гатузо и македонскиот интернационалец, но демантираше дека тоа резултирало со бркање на Елиф од тренинфот.

„Имам свои извори, слободно можам да кажам дека Елмас не беше избркан од вчерашниот тренинг. Точно е дека влегов во „жешка дискусија“ со тренерот, но Елиф го одработел тренингот до самиот крај“, дециден е Де Маџо.

Останува да се види дали Гатузо ќе реши да го вклучи македонскиот репрезентативец во составот за утрешното дерби со Лацио.

Се вчитува...