Елмас скршен од болка го играл синоќешниот меч со Рома: Денеска во Скопје поради смртта на неговиот дедо

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, по синоќешниот натпревар на Наполи со Рома во кој наполитанците славеа со убедливи 4-0, денеска доаѓа итно во Скопје.

Елмас го „сервираше“ третиот погодок за Наполи, но како што информира „инфоспорт.мк“, македонскиот фудбалер скршен од болка го играл дуелот со Рома поради смртта на неговиот дедо.

Елмас собрал сили да биде на располагање на стручниот штаб за синоќешниот меч во Серија А, но денеска веднаш доаѓа во Скопје на последеното испраќање на неговиот дедо со кого посебно бил приврзан.

Се вчитува...