Елмас со 90 минути и победа на последниот меч за Наполи

Елиф Елмас со победа ја заврши кариерата во Наполи откако македонскиот ас ги одигра сите 90 минути за својот триумф во минималниот триумф од 1-0 над Удинезе.

„Наполитанците“ веќе објавија дека нема да ја активираат клаузулата за откуп на македонскиот репрезентативец од Лајпциг, кој играше одлично на натпреварите на кои доби шанса, но сепак недоволно за да се убеди управата да плати 16 милиони евра за негов перманентен трансфер.

Што се однесува до денешниот меч, момент на одлука беше погодокот на Хојлунд во 24. минута, кога данскиот ас одлично се снајде по асистенцијата на Де Бруине и го матираше гостинскиот голман.

Се вчитува...