Еден од најдобрите македонски фудбалери на денешницата Елиф Елмас и неговиот нов клуб Аталанта со победа на домашен терен над Сасуоло од 2-1 ја стартуваше новата сезона во Серија А.
Клубот од Бергамо славеше, но не смее да биде среќен од играта бидејќи Сасуоло беше многу подобар противник. Домаќините поведоа со 1-0 со голот на Распадори во 6. минута. Гостите израмнија на 1-1 преку Одентал во 55. минута, додека конечните 2-1 беа дело на Крстовиќ во 65. минута.
Елиф Елмас го имаше дебито за новиот клуб каде влезе во игра во 82. минута и доби огромен аплауз од навивачите во Бергамо.
Atalanta [2]-1 Sassuolo – Nikola Krstović 65'
byu/4gjdtokurwa insoccer
Рубен Аморим со победа од 1-2 над Торино ја стартуваше својата авантура во Милан. Стрецли на головите за „росонерите“ беа Сисе во 64. и Рабио во 66. минута, додека стрелец на голот за домашниот тим беше Адамс во 93. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
