Елмас со половина час во новата победа на Наполи, десет минути за Несторовски во ремито на Удинезе (ВИДЕО)

Дополнително зацврстување на Наполи на врвот во Серија А, откако во 14. коло славеше на домашен терен против Емполи од 2-0.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас беше дел од триумфот на наполитанците, во игра влегувајќи во 64. минута од средбата во период кога и се одлучи победникот на дуелот.

Наполи до победата дојде со голот на Лозано од пенал во 69. минута од средбата, а потоа и оној на Зјелински во 88. минута за конечни 2-0.

Удинезе, пак, ремизираше (1-1) на гостувањето против Специја. Илија Несторовски во игра на мечот влезе во 85. минута одигрувајќи ги последните десет минути на натпреварот, со вклучено судиско продолжение, но не успеа да дојде до можност да донесе и победа за својот тим.

Се вчитува...