Елмас: Спалети ми влева голема самодоверба, навистина сакам да покажам дека вредам!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас не го криеше задоволството од извонредниот старт на сезоната за него и за Наполи со победата од 2-0 против Венеција, иако 70 минути играа и со игра помалку.

„Дијамантот“ во изјава за италијанските медиуми по дуелот го нагласи новиот тренер Лучано Спалети како исклучителна инспирација за него да биде најдобар што може на зелениот терен.

„Спалети ми влева лично многу голема самодоверба. Јас сум тука веќе трета година и сакам да го  покажам најдоброто од себе, сакам да играм и да покажам дека вредам. Се надевам дека ќе играм многу повеќе. Среќен сум секако за голот, но најважно е што дојдовме до победата“ – истакна Елмас, притоа дополнувајќи:

„Инсиње и Лозано се многу важни играчи за овој тим, и јас сум пресреќен што го делам теренот со нив. Посебно Инсиње, сите знаат за каков фудбалер се работи, вистински капитен и лидер. Буди постојано инспирација и мотив во мене да биде што е можно подобар“.

Се вчитува...