Елмас стартер и веднаш гол за триумф на Наполи во Бергамо (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас донесе победа за Наполи на гостувањето против Аталанта во Бергамо во дербито на 13. коло во Серија А.

Во мечот меѓу двете водечки екипи во италијанскиот шампионат Наполи со пресврт дојде до победата благодарение на двоецот Осимхен – Елмас.

Аталанта дојде до предност во 19. минута со голот на Лукман, но потоа Осимхен во 23. минута израмни на 1-1.

Во 35. минута, Осимхен асистираше а македонскиот „дијамант“ луцидно реагираше во противничкиот шеснаесетник за свој втор гол сезонава за Наполи и победа од 1-2.

 


Наполи сега со 35 бода е на врвот, а Аталанта остана на втората позиција во Серија А со 27 бода.

Се вчитува...