Елмас стартер Наполи поразен од Вилјареал (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елјиф Елмас и неговиот Наполи загубија на домашен терен од Вилјареал со 1-2 во подготвителен натпревар пред продолжението на клупската сезона која беше прекината поради Светското првенство во Катар.

Гостите дојдоа до водство од 0-1 со погодокот на Капуе во 12. минута, а до крајот на првиот дел „наполитанците“ израмнија на 1-1 преку Виктро Осимен. Ново водство за Вилјареал донесе Џексон во 67. минута, додека три минути подоцна веќе беше и 1-3 со голот на Жерар Морено. Конечните 2-3 ги постави Квича Квараскелија во 79. минута.

Македонскиот репрезентативец беше стартер на овој натпревар и го одигра првото полувреме.

Се вчитува...