Елмас: Треба да одиграме похрабро против Холандија и со победа да се одјавиме од ЕВРО 2020

Македонија по поразите на двата натпревари во Букурешт, во понеделник во Амстердам со дуелот против Холандија става точка на Европското првенство 2020.

Желбата на македонските репрезентативците е да се одигра максимално отворено против Холанѓаните и со евентуален триумф да се одјавиме од ЕВРО 2020.

„Подготвени сме за овој натпревар. Знаеме дека не чека тежок дуел, без разлика на тоа што Холандија може да игра со втор состав затоа што веќе има осминафинале. Треба да играме похрабро на последниот натпревар и да ја израдуваме нацијата со една победа. Одигравме два солидни меча, но се виде и тоа неискуство од вакви големи натпреварувања“ –  истакна Елиф Елмас на денешниот брифинг со медиумите во Амстердам, притоа дополнувајќи:

„Холандија игра одличен фудбал, но тоа нас не треба да не оптоварува тука да си ја играме нашата игра. Треба да покажеме дека заслужено сме на ЕП и да го затвориме настапот со победа“.

Македонија откако ги загуби своите шанси за пласман во осминафиналето, против Холандија ќе игра без резултатски притисок што е можност конечно и за први бодови од едно европско првенство.

Се вчитува...