Елмас: Убеден сум дека Македонија пак ќе игра на големо натпреварување

Елиф Елмас заврши со летниот одмор и веќе почна со тренинзите со Наполи за новата сезона. „Дијамантот“ во разговор за италијанските медиуми се осврна и на настапот на Македонија на ЕВРО 2020, што според Елиф нема да биде и последен пат нашиот национален тим да биде дел од едно големо натпреварување.

„Да се биде дел од европското првенство е навистина импресивно искуство, прекрасно чувство да се бранат боите на својата земја. Верувам во нашите квалитети, убеден сум дека ќе се вратиме, дека Македонија пак ќе игра на едно големо натпреварување“, истакна Елмас.

Тој од ланската сезона го промени и бројот на дрес земајќи ја „седумката“ на Наполи.

„Да се носи дресот со број седум на Наполи е голема чест бидејќи врвни играчи го имале овој дрес на грбот низ историјата. Мојот омилен спомен од Наполи досега е освоениот трофеј во Купот на Италија. Уживам во Неапол, луѓето овде се топли. Има и превкусна пица, тоа е моето омилено јадење. Фаворити ми се маргарина и карпичиоза“, открива Елиф Елмас.

Се вчитува...