Елмас: Видовме колку е силно ова ЕП, ова е голема лекција за нас

ЕКИПА во Букурешт, 

Владимир Булатовиќ, Никола Станикевски, Роберт Спасовски

Елиф Елмас даде се од себе во дуелите со австриските фудбалери, немаше среќа при онаа полушанса при 1-1 во првото полувреме, но македонскиот „дијамант“ е убеден дека искуството од овој натпревар ќе биде добредојдено за преостанатите средби од европскиот шампионат.

„Искрено мислам дека одигравме добар меч, но и почувствувавме што значи да се игра на едно Европско првенство, колку е силно ова натпреварување. Ова е голема лекција, но треба да се биде свесен дека ништо не е загубено, дека имаме уште две средби на кои со добри резултати можеме да ја обезбедиме таа посакувана втора фаза. Австрија играше побрзо, за нијанса беше подобра од нас, но треба што поскоро да го оставиме поразот зад нас и со ладни глави да го анализираме следниот противник“, изјави Елмас.

Се вчитува...