Ембид ја водеше Филаделфија до убедлива победа против Торонто

Филаделфина поведе со 2-1 во полуфиналната серија во Источната конференција, откако во третиот меч на домашен терен го совлада Торонто со убедливи 116-95. Кошаркарите на Филаделфија победникот го решија уште во првото полувреме во кое стигнаа до двоцифрена предност (64-53).

Центарот на домаќините Џоел Ембид беше најефикассен во победничкиот тим со 33 поени, а одличен беше и Џими Батлер кој уфрли 22 поени. Кај гостите единствена светла точка беше Кавај Ленард кој забележа учинок од 33 поени, надополнети со 4 скока и 3 асистенции.

Четвртиот натпревар од серијата се игра на 5. мај во Филаделфија во 3:30 по полноќ.

Се вчитува...