Емери: Честитки на Ливерпул за победата, но реваншот ќе биде сосема друг натпревар

Ливерпул има предност од два гола по првиот полуфинален натпревар од Лигата на Шампионите против Вилјареал откако „црвените“ го одбранија домашниот терен без примен погодок во својата мрежа, па шпанскиот тим ќе мора да биде на врв на својата задача доколку сака да се надева за пласман во финалето.

По натпреварот тренерот на „жолтата подморница“ Унаи Емери ја честита победата на Ливерпул, но воедно и најави многу подобра игра на својот тим во Шпанија.

„Не може да се жалиме, ниту да се противиме на нивната победа бидејќи ја заслужија. Во првото полувреме бевме доби во одбрана, но потфрливме во нападот. Во вториот дел продолжија да не притискаат и заслужија да постигнат гол. На крајот резултатот е добар за нив, но не и за нас па ќе мораме да продолжиме да сонуваме и да се обидеме да бидеме многу подобри на нашиот стадион“, изјави Емери кој потоа додаде:

„Реваншот ќе биде сосема друг натпревар од овоj. Многу е важно на нашиот стадион, пред нашите навивачи да промениме нешто па можеби и тактички. Верувајте дека во реваншот многу повеќе ќе патат отколку денеска“.

Се вчитува...