Емери: Ќе беше совршен натпревар доколку славевме поубедливо

Вилајреал е во добра позиција да избори полуфинале во Лигата на Шампионите откако по првиот четвртфинален дуел со Баерн Минхен има предност од 1-0. „Жолтата подморница“ одигра добар натпревар против германскиот гигант, а лесно можеше да стигне и до поголема предност.

Натпреварот го коментираше и тренерот на Вилјареал Унаи Емери кој вели дека неговите избраници умешно ги искористиле слабостите на Баерн Минхен, а тоа би бил соврешен меч доколку предноста на крајот беше поголема.

„Се обидуваме да дојдеме до полуфиналето и сега одигравме речиси совршен натпревар кој би бил совршен доколку успеавме да направиме и поголема предност. Сепак нема да ја славиме победата, бидејќи и можевме да одиграме и подобро. Сакаме да бараме максимум на секој дуел, а знаеме и дека реваншот ќе биде уште потежок. Баерн е многу добар тим, но најдовме решение. Знаевме во кои ситуации не се чувствуваат најудобно и успеавме да ги запреме нивните најдобри играчи. Јасно е дека и тие не го покажаа своето најдобро лице“, изјави Емери.

Се вчитува...