Емери: Немаме пари за засилувања, Суарез од Барса може да дојде само на позајмица

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери вели дека клубот е под финансиски притисок и дека нема да троши сериозни финансиски средства за засилување во овој преоден рок.

Емери нагласува дека „топчиите“ ќе доведуваат фудбалери само на позајмица. Една од можните мети е фудбалерот на Барселона, Денис Суарез.

„Кога станува збор за Суарез мислам дека проблем е што Барселона побрзо би го продала отколку испратила на позајмица. А, ние не можеме да потпишуваме договори на подолго време. Моментално можеме само да позајмуваме од другите. Не знам каква е ситуацијата со Суарез во клубот, но ние ќе се фокусираме на фудбалери кои навистина ќе можат да ни помогнат“ – вели Емери.

Арсенал во моментов е на 5. место во Премиер лигата зад Ливерпул, Манчестер сити, Тотенхем и Челси.

Се вчитува...