Емери си купува свој клуб во Шпанија – поранешен освојувач на „Копа дел Реј“

По лошиот период во Арсенал, Унаи Емери се врати во Шпанија каде со Вилјареал повторно изгради име, има трофеи зад себе, а со „Жолтата подморница“ доби прилика повторно да се докаже на големата сцена. Во меѓувреме, Шпанецот планира да постане и сопстевеник на третолигашот, Реал Унион.

Баскискиот клуб има богата историја во која во четири наврати го овојувал „Копа дел Реј“, во 1913, 1918, 1924 и 1927 година, притоа четири години има поминато во „елитата“, а во моментов е стабилен третолигаш. Шпанскиот стратег веќе преговара со мнозинскиот сопственик, Рикардо Гарсија, а интересот на Емери кон клубот има и сентиментална приказна, со оглед на тоа што за овој клуб, дваесетина години има брането неговиот дедо.

Целта на Емери е да ја врати старата слава на клубот, но и да створи центар за развивање на млади играчи од регионот, а во целата приказна е вклучен и градот Ирун.

Се вчитува...