Емери: Со верба и трпение, ништо не е невозможно!

Менаџерот на Виљареал, Унаи Емери успеа да го однесе неговиот тим во четвртфиналето од Лигата на шампионите, откако славеше триумф од 3-0 во Торино. Чудата се случуваат, ако вистински веруваш во нив, е дел од неговата изјава на почетокот на оваа сезона, а по вчерашната победа потсети дека славеле против фаворит за освојување на трофејот.

По мечот, шпанскиот тренер изјави дека очекувал тешка и долга борба против италијанскиот гигант.

„Реваншот имаше различни насоки, а на крај за наша среќа донесе победа и пласман во следната фаза. Во првото полувреме имавме две-три добри шанси, но и тие беа опасни пред нашиот гол. Во вториот дел топката се спушти на земја, Јувентус имаше посед, но тоа не го круниса со сериозни прилики. Ние верувавме дека нашите пет минути ќе пристигнат. Очекував долг и тежок натпревар како што беше и оттаму дојде победата“, изјави Емери.

Се вчитува...