Емери: Такви се пеналите…, некогаш ќе победиш, некогаш ќе загубиш

Чесли стигна до вториот трофејот во Суперкупот на Европа во својата историја откако по изведување на пенали славеше над Вилјареал. „Сините“ поведоа во првото полувреме преку Зијеш, а изеднчување на „жолтата подморница“ донесе Морено на 17. минути пред крајот на натпреварот.

Лондонскиот тим имаше целосна контрола на натпреварот по првото полувреме, меѓутоа „сините“ потфрлија во високиот ритам кој „жолтата подморница“ го наметна во вторите 45. минути, но сепак тоа не беше доволно за триумф на Шпанците. По мечот тренерот на Вилјареал, Унаи Емери штедеше на зборови, но имаше пофалба за своите играчи.

„Прво бркавме негатива од еден гол, а потоа го засиливме темпото во продолжението и се потрошивме до избедбата на пеналите. Некогаш ќе победиш, некогаш ќе загубиш. Тоа се пеналите. Денеска остваривме многу добри работи и сакам да им честитам на своите играчи“, изјави шпанскиот стратег.

Се вчитува...