Емил Божиновски контролор во Варшава

Поранешниот наш најдобар фудбалски судија Емил Божиновски, и претседател на Судискиот одбор на ФФМ, уште еднаш го потврдува високиот рејтинг во Судиската комисија на УЕФА како контролор на меѓународните натпревари.

Тој е одреден за контролор на судењето на квалификацискиот натпревар од второто коло во Лигата на шампионите меѓу полскиот првак Легија и шампонот на Естонија, Флора Талин кој ќе се игра на 20. јули во Варшава.

Пред една недела, на 13. јули, Божиновски беше контролор во првото квалификациско коло од Лига на шампионите во Подгорица меѓу Будуќност и Хелсинки.

Од септември, Македонија ќе има уште еден контролор на меѓународната сцена, тоа ќе биде досегашниот меѓународен судија Димитар Мечкаровски. Во самостојна Македонија, пред  Божиновски единствен контролор на меѓународната листа на УЕФА беше судијата Ангел  Бунгуров.

/М.М/

Се вчитува...