Емил Павлов бронзен на силната Премиер-лига во Истанбул (ВИДЕО)

Најдобриот македонски каратист, Емил Павлов ја освои бронзата во категоријата до 60 килограми на силната Премиер-лига во Истанбул.

Тој во натпреварот за третото место славеше убедливо со 4-1 над Казахстанецот, Кајсар Алписбар. Претходно во главната фаза во петокот оствари три победи и еден пораз.

Следна цел за најдобриот македонски каратист е Државното првенсттво на Македонија и плеј-офот кои се кваликациски натпревари за Европското првенство, а секако главна цел годинава е обезбедување учество на Летните олимписки игри во Токио.

 

 

Се вчитува...