Емил Павлов го развеа македонското знаме на отворањето на Медитеранските игри (ФОТО)

Македонската спортска експедиција на Медитеранските игри продефилира гордо на официјалното отворање, а македонското знаме гордо го развеа каратистот Емил Павлов, двојниот европски првак кој сигурно ќе атакува на медал и на ова натпреварување. Нашата земја ќе ја претставуваат 71 спортисти во 15 спортови, и тоа карате, ракомет (мажи и жени), одбојка, таеквондо, џудо, борење, спортско стрелаштво, стреличарство, коњички спортови, атлетика, тенис, пинг понг, баскет 3х3, и веслање.

Први денеска стартуваа одбојкарите и загубија од Египет со 3-2 во сетови, а од утре на борилиштата излегуваат и други наши спортисти, како ракометарите и ракометарките.

Се вчитува...