Емил Павлов избори полуфинале на Медитеранските игри

Павлов имаше одличен настап на вториот ден од Игрите и славеше победа против францускиот каратист Јохан Лопес со 1-0.
Македонскиот претставник во првото коло беше поуспешен од Оргес Арифи со 3-1, а со овој триумф против Лошес, избори место во полуфиналните борби.
Следен противник на Павлов ќе му биде Мароканецот Амекнаси.
Победа извојува и Ненад Келебиќ против Мароканецот Захарија со 9-7 и следен противник ќе му биде Турчинот Бурак.
Настапот на Медитеранските игри заврши за македонската каратистка Симона Заборска која беше поразена од Турчинката Туба Јакан.
На Медитеранските игри во Тарагона денеска настапуваат и двете  ракометни репрезентација на Македонија, и ракометарите и ракометарките во првиот меч на на турнирот играат против селекциите на Турција.
Македонскиоте одбојкари по вчерашниот пораз од Египет, денеска ги очекува дуелот со Шпанија.
А, на стрелиштетот во тарагона денеска ќе настапи и македонскиот претставник во стрелаштво, Петар Јаневски.

 

Се вчитува...