Емил Павлов, оштетен во финалето, до сребро во Премиер лигата во Дубаи

Еден од најдобрите македонски каратисти Емил Павлов забележа нов одличен успех со освоениот сребрен медал во светската карате Премиер лигата која изминатиов викенд се одржа во Дубаи, ОАЕ.

Павлов стигна до среброто, во конкуренција на најдобрите 64 каратисти од светот, само затоа што беше оштетен во финалната борба против турскиот репрезентативец Ерај Шамдан.

„Судиите го одличија победникот во финалето. На Емил му беше скратен чист поен со кој сигурен сум дека ќе стигнеше до златото. Сепак, овој настап во Дубаи и за него и за Жарко Арсовски ќе донесе подобрување на пласманот на светската ранг листа“ – истакна по завршувањето на Премиер лигата, тренерот на Павлов, Сашко Арсовски.

Следниот настап на македонските каратисти во Премиер лигата е во Стразбур, Франција.

Се вчитува...