Емил Павлов потфрли на ЕП во Пореч, Заборска на 7. место

Најдобриот македонски каратист Емил Павлов неочекувано загуби уште во 1. коло на Европското карате првенство за сениори во Пореч, Хрватска.

Најголемиот македонски адут за медал загуби од Павле Дујаковиќ (Босна и Херцеговина) со 3-5.

„Потфрлив, неочекуван крај на Европското првенство. Но, верувам дека ќе бидам далеку посилен на финалниот турнир во Париз на 8. јуни и ќе изборам норма за ЛОИ во Токио“ – вели Павлов.

Најдобар македонски претставник на Европското првенство во Пореч е Симона Заборска која беше несреќно поразена на две секунди пред крајот на борбата со Црнгорката Јелена Максимовиќ, со што ја загуби шанасата да се бори за бронзен медал против Сара Кардин од Италија. На крајот Заборска заврши на 7. место, што е најдобар македонски пласман.

Претходно Симона забележа две победи, а загуби во четвртфиналето од Русинката Чернишева. Извојува голема победа против Туба Јакан, светска шампионка и прва на Светската ранг-листа. Заборска во второ коло славеше против Туба со 4-2, а во првата борба славеше над Гркинката, Александра Пападопулос со 2-0.

Сара Радичевска загуби на стартот од Азербејџанката Нурана Алијева. Давид Петков е поразен од Грузиецот Лука Хведилијани, додека машкиот ката тим беше петти во својата група и не помина во вториот круг.

Се вчитува...