Емил Павлов во финалето на силната Премиер-лига во Москва

Најдобриот спортист на Македонија за 2018 година, каратистот Емил Павлов се пласираше во финалето на силната Премиер-лига која се одржува во Москва. Нашиот каратист во полуфиналето го совлада актуелниот Светски шампион, Анџело Крешенцо со минимални 1-0. Претходно Павлов забележа четири убедливи победи против Ласло Киш од Унгарија со 4-1, Матиас Гарсија од Шпанија (6-0), Летонецот Калвис Калининис 5-3 и Бразилецот Даглас Бросе 2-0.

Во финалето Павлов ќе се сретне со Турчинот Ерај Самдан, а борбата е закажана за во недела. Премиер-лигата во Москва е еден од турнирите кои се бодуваат за виза за Летните олимписки игри во Токио следната година, на кои за првпат каратето ќе биде дел од официјалната програма.

Се вчитува...