Емил Рајковиќ без мака до полуфиналето во Полска

Емил Рајковиќ продолжува да испишува нови страници во историјата на Стал Остров, втора година по ред обезбедувајќи пласман во полуфиналето од плејофот.

Екипата на Стал за ривал во четвртфиналната серија го имаше Шчечин, но избраниците на Рајковиќ одиграа одлично и со максимални 3-0 обезбедија пласман во полуфиналето. По двете победи на домашен терен, Стал денеска триумфираше и на гостувањето, и тоа со убедливи 73-91, за потврда на добрата работа на македонскиот стратег кој дојде на оваа функција по напуштањето на МЗТ Скопје и веднаш остави силна трага врз полскиот клуб.

Следен ривал на Рајковиќ и неговите избраници ќе биде подобриот од серијата Торун – Даброва Горница (Торун има водство од 2-0 во победи). Во полуфиналето Стал повторно ќе ја има предноста на домашниот терен бидејќи го заврши регуларниот дел од сезоната на втората позиција.

Се вчитува...