Емил Рајковиќ ја напушта Русија: Тажно е што оваа приказна заврши предвреме

Емил Рајковиќ имаше извонредна сезона како предводник на рускиот клуб Автодор Саратов, тим со кој македонскиот стручњак имаше одлични резултати и во ФИБА Европа купот и во силната ВТБ-лига.

Сепак, големиот воен конфликт меѓу Русија и Украина придонесе македонскиот стратег предвреме да ја заврши оваа успешна авантура во својта кариера.

Тажно е што сезоната за некои од нас во тимот завршува предвреме, но горд сум што ја водев оваа екипа која покажа победнички менталитет и беше решена да го постигне најголемиот успех во историјата на Автодор. Знам дека нашите верни навивачи уште многу години ќе го паметат овој прекрасен тим, кој секоја вечер го даваше својот максимум во Кристал Арената и на сите терени во Европа и Русија. Топ 4 во ВТБ лигата и првото место во ФИБА Европа купот на 3 март е одличен резултат, но освојувањето на срцата на нашите, па дури и на многу неутрални навивачи во Русија беше нашата најголема победа оваа сезона. Ви благодарам Саратов“, го најави Рајковиќ своето заминување од Русија преку објавата на својот инстаграм-профил.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Emil Rajkovic (@emilrajkovic)

Се вчитува...