Емир Сахити не ги мина медицинските тестови во Динамо Загреб, трансферот одложен до јуни

Фудбалерот на Работнички, Емир Сахити, ќе остане во клубот од Дебар Маало до крајот на сезоната. Трансферот во Динамо Загреб е одложен за летниот преоден рок, открија „романтичарите“ на својот официјален сајт. На денешните медицински прегледи во Загреб е утврдено дека играчот за врска има скриена повреда на скочниот зглоб и истата треба во целост да биде санирана со хируршка интервенција.

Од Работнички велат дека трансферот ќе биде реализиран во летниот преоден рок, кога Емир Сахити треба да се пресели во Динамо Загреб.

Неговиот брат Суад Сахити исто така останува во Работнички и потпиша нов договор со важност до 2018 година.

Се вчитува...