Емир Сахити од Работнички се сели во Динамо Загреб

Младиот фудбалер на Работнички, Емир Сахити, во текот на денешниот ден треба и официјално да го реализира својот трансфер во редовите на актуелниот хрватски првак Динамо Загреб. Тој подолг период е следен од скаутите на „модрите“ и раководството на клубот одлучи да го ангажира, а најверојатно веднаш ќе го испрати на позајмица во Локомотива.

Емир Сахити пред 18 месеци пристигна во Работнички и во изминатиот период се наметна како голема перспектива. Имаше обиди за тој да добие македонски пасош и во иднина да настапува за македонскиот национален тим, но, сепак, тој се одлучи за Албанија. Неговиот брат Суад Сахити прифати да добие македонски пасош.

Се вчитува...