Рафаел Надал испушти шанса да освои титула по пауза од повеќе од две години откако на АТП турнирот во Бастад беше поразен од Португалец Нуњо Боргеш кој славеше со 2-0 (6-3 и 6-2).
Шпанскиот тенисер по загубеното финале имаше емотивен говор кој го посвети на тимот и својата фамилија.
„На мојот тим и мојата фамилија единствено можам да им се заблагодарам за се. Не беа лесни претходните две години. Дури и во моментите на пад, семејството беше со мене секој ден и ми помогна на многу различни начини. Ви благодарам што бевте со мене целото тоа време“, порача Надал.
Последната титула во кариерата на Надал дојде во 2022 година на грен-слемот Ролан Гарос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА