Емотивен говор на таткото на Ѓоковиќ на собирот во Белград: Ние сме слободен народ…

Мала е веројатноста дека Новак Ѓоковиќ ќе добие дозвола да ја одбрани титулата на Австралија Опен откако властите на островската држава не му дозволија на Србинот престој поради непримена вакцина против коронавирусот, и покрај тоа што најдобриот тенисер во светот има медицинска дозвола за настап на првиот АТП турнир во сезоната.

Српскиот ас доби поддршка од речиси целата планета, во текот на денот бројни фанови се собираа пред хотелот „Ројал Парк“ во Мелбурн, а собир имаше и на плоштадот во Белград каде таткото на Новак, Срѓан Ѓоковиќ имаше емотивен говор.

„Срби и сите останати слободни народи на светот, дојде време да престанеме да бидеме угнетувани. Ние сме дел од слободниот свет, ние сме преку седум милијарди и не смееме да потклекнеме. Самото име на нивиот премиер, Скот Морисон говори за него. Тука сме денеска собрани да му дадеме поддршка на нашиот Ноле. Тој е срвето на Србија, нашата гордост. Сакаат да не фрлат на колена, епа нема да може!“, вели Ѓоковиќ кој потоа продолжи

„Како што Србите во текот на историјата го бранеле своето, така и Новак денеска се брани, браќа и сестри. Горди сме на Новак, тој е нашата душа, нашето срце и нашата крв. Ова е само почеток на агонијата. Тие сакаат да го држат во затвор до понеделник. Замислете да го држат до понеделник најдобриот тенисер на светот во затвор. Сите сме со него, целиот Балкан, далечниот и блискиот Исток, нашата мајка Србија, Русија, Кина, Индија, целата Афтика… сите сме со Ноле и секој ден ќе бидеме повеќе и повеќе“

Се вчитува...