Емотивна порака на Дончиќ: Сакав да ви донесам шампионска титула…

Лука Дончиќ неочекувано беше трејдуван од Далас во Лос Анџелес Лејкерс на големо изненадување на кошаркарската јавност. 25-годишниот словенечки репрезентативец емотивно ја прими пораката за премин во нов клуб, па испрати и емотивна порака.

Тој се огласи на социјалните мрежи со порака во која вели дека мислел дека ќе остане цела карера во Далас и не ја криеше големата желба на својот тим да му донесе шампионски прстен.

„Пред седум години пристигнав во Далас да го остварам сонот да играм кошарка на највисокото ниво. Мислев дека целата кариера ќе ја поминам тука и имав многу голема желба да ви донесам шампионска титула. Љубовта и поддршката беше поголема отколку што можев да сонувам. За дете од Словенија кој дојде во Америка, го направивте Северен Тексас мој дом. Во добри и лоши моменти, од повреди до НБА финале, вашата поддршка не се менуваше. Ви благодарам што не само делевме убави моменти, туку и ме поддржавте кога ми беше најпотребно“, напиша Дончиќ.

Се вчитува...