Еден ден по кобната хеликоптерска несреќа во која животот го загуби Коби Брајант се огласи Леброн Џејмс. „Кралот“ за смртта на неговиот голем пријател дозна во авионот на Лос Анџелес Лејкерс. Во емотивната порака во која Леброн му се обраќа на „постариот брат“, актуелната ѕвезда на „лејкерс“ признава дека долго се обидувал да напише нешто, но оти тешко се справува со зборовите во овие моменти.
„Зборувавме во неделата наутро, никогаш во милион години не би помислил дека тоа е последниот разговор што го имаме. Ти ветувам дека ќе ја продолжам твојата работа. Премногу ни значиш во „лејкерс“. Сега јас го преземам сето сра*е на мојот груб и продолжувам. Те молам давај ми сила од рајот и внимавај на мене. Јас овде држам под контрола. Би сакал да кажам уште толку многу работи, но не можам да продолжам“ – стои во дел од пораката што ја напиша Леброн на социјалните мрежи.
Леброн Џејмс и Коби Брајант никогаш не беа соиграчи во Лејкерс, тие беа заедно во составот на САД на Олимписките игри во 2008 и во 2012 година. Се запознаа кога Леброн имаше 15 години и оттогаш трае големото пријателство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА