Емотивно видео: Бесконечен аплауз од Бекам, Роналдо, Рамос, Пеле … за хероите на хуманоста

Огромен број сегашни и поранешни фудбалски ѕвезди се вклучија во кампањата на ФИФА за поддршка на медицинските лица кои ја водат клучната битка против коронавирусот, спасувајќи ги животите на илјадници луѓе ширум светот.

Од Пеле и Марадона, преку Роналдо, Зидан, Бекам и Касилјас, до сегашните ѕвезди како Кејн, Буфон, Кјелини, Рамос, Пике… сите овие асови беа дел од „бесконечниот аплауз“ што фудбалерите го испратија до лекарите на сите делови од светот.

„На овој начин сакаме да покажеме дека сме свесни за ризиците на докторите, медицинските сестри и сите лица кои се дел од оваа борба. Фудбалот вака ја искажува својата поддршка до сите нив, кои се во првата борбена линија во битката против коронавирусот, работејќи како тим за да не одбранат сите нас“, истакна Карли Лојд.

„Како фудбалери навикнати сме да добиваме аплауз, но овојпат имаме можност да ја покажеме нашата благодарност на многу луѓе кои ги ризикуваат своите животи за да ги заштитат нашите. Тие се хероите на хуманоста, сакаме да покажеме дека фудбалот ве поддржува вас и вашите дела, за заштита на сите нас“, порача Дејвид Бекам.

Се вчитува...