Емотивно видео: Џеко сам во изолација, децата му цртаат срциња на прозорец

Един Џеко денеска дозна дека е позитивен на коронавирус, по што голгетерот на Рома веднаш замина во самоизолација. Најтешко му паѓа што е одвоен од децата, па сопругата на Џеко објави видео од асот на „волчицата“ како седи сам во својот дом, додека двете деца од другата страна на прозорецот му цртаат срциња на стаклото, со желба за побрзо оздравување.

Голгетерот на „волчицата“ ќе мора да ги мине следните десет дена во самоизолација, поради што ќе ги пропушти и претстојните репрезентативни настапи за националниот тим на БиХ.

Се вчитува...